Врховниот ирански командант Хусеин Салами денеска изјави дека Иран не се движи кон војна, но не се плаши од какви било судир.

Неговата изјава уследи по обвинувањата на САД и претседателот Доналд Трамп дека Техеран стои зад антиамериканските протести во Ирак и нападот врз Амбасадата на САД во Багдад.

– Ние не ја водиме земјата во војна, но не се плашиме од ниедна војна и и кажуваме на Америка конкретно да разговара со иранската нација. Имаме моќ да ја скршиме повеќе пати и не сме загрижени, изјави командантот на Револуционерната гарда, генерал Салами.

Трамп на 31 декември го обвини Иран за организирање на демонстрациите пред Амбасадата на САД во Багдад, а Техеран ги отфрли обвинување.