Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливен денеска изјави дека САД се посветени на Украина да и го дадат оружјето што и е потребно за да се одбрани од Русија.

Тој за Си-Ен-Ен изјави дека очекува новоименуваниот руски генерал кој ја надгледува Украина, Александар Дворников, да „оркестрира злосторства и бруталност врз украинските цивили“. Тој посочи дека Кремљ е одговорен за напади врз цивили.

Саливан изјави за дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ќе испрати повеќе оружје во Украина со цел да ја спречи Русија да окупира повеќе територии и да нападне цивили, што Вашингтон го смета за воено злосторство.

„Ќе го набавиме оружјето што и е потребно на Украина за да им возврати на Русите за да ги спречиме да окупираат повеќе градови и места каде што би  извршиле злосторства“, посочи Саливен.