Холивудските актери Салма Хајек, Семјуел Л. Џексон и Рајан Рејнолдс слетаа со чартер на „Кроација ерлајнс“ во 14:40 часот на аеродромот во Пула.

Со нив дојде и остатокот од екипа на филмот „The Hitman’s Wife’s Bodyguard” во кој горенаведените актери имаат главни улоги. Дел од тимот потоа е виден на влезот на Гранд Хотел Парк.

Ѕвездите од холивудската А-листа на аеродромот ги чекаше комбе.


„Главните актери заминаа од аеродромот во црн Мерцедес со странски регистерски таблици. Тие имаат свои барања за кои не можеме да зборуваме и тоа мора да се почитува, бидејќи станува збор за наши клиенти. Ние не можеме да зборуваме за детали”, велат од аеродромот.

Снимањето започна во Ровињ минатиот петок. Главните ѕвезди ќе бидат сместени во некои од најдобрите хотели во Ровињ.