Поранешниот прв министер на Шкотска, Алекс Салмонд денеска се појави пред Суд во Единбург, откако беше обвинет за засега непознати престапи, при што изјави дека не сторил никакво кривично дело.
– Не сум виновен. Апсолутно ги отфрлам обвинувањата дека сум направил какво било кривично дело и ќе се жалам до највисокиот суд, изјави Салмонд.
Тој додаде дека со задоволство би кажал и повеќе, но дека мора да ги почитува правилата на Судот.
Шкотските медиуми денеска јавија дека Алекс Салмонд е уапсен и обвинет, но не наведоа за какви обвиненија станува збор.
Салмонд во август поднесе оставка на местото лидер на владејачката Шкотска национална партија (СНП) во екот на истрагата против него по обвинение за сексуално вознемирување, што тој го негира.
Салмонд беше прв министер на Шкотска од 2007 до 2014 година. Тој две децении ја предводеше СНП, која ја трансформита во најмоќна шкотска партија, а Шкотска ја доведе до раб на отцепување од Обединетото Кралство.