Тешки критики за договорот денес упати поранешниот грчки премиер Андонис Самарас.
Тој истакна дека тоа не е само лош договор, туку исто така „непотребен и навредувачки компромис“.
Во сопштението поранешниот премиер, инаку од редовите на Нова демократија, подвлекува дека „фестивалот на Сириза не може да го покрие огромното разочуарување кај грчкиот народ“.
Тој оценува дека Ципрас бесрамно ги избришал од сеќавањето делата на Константин Караманлис и на Андреас Папандреу.
„Тоа не беше „националистот“ Карманлис кој говореше дека „Македонија е една и таа е грчка“, ниту, пак, Папандреу беше „авантурист“ кога велеше дека „името на Македонја е двигателот на неодговорност на Скопје“, вели Самарас.
Спорд него, не само што на Скопје со договорот му се дава име, туку и националност и јазик.
Инаку, лидерот на НД, Киријакос Мицотакис, вчера имаше брифинг кај претседателот Прокопис Павлопулос, на кој тој побара од него да се погрижи да се почитува Уставот и парламентарната демократија, нешто што според Мицотакис е прекршено со договорот.
Мицотакис повторил дека Ципрас немал мандат да склучи договор со Заев и побара одговорност за тоа.