Американската потпретседателка Камала Харис денеска разговараше со кинескиот лидер Си Џинпинг на маргините на Азиско-пацифичкиот самит во Бангкок, што претставува уште еден чекор кон одржување на отворени линии на комуникација меѓу двете најголемите светски економии.
Официјален претставник на Белата куќа рече дека Харис и Си разговарале накратко денеска додека оделе кон состанокот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во главниот град на Тајланд, Бангкок.
Нивната средба се одржа помалку од една недела откако кинескиот претседател Си и американскиот претседател Џо Бајден се сретнаа на маргините на самитот на Г20 на Бали, Индонезија.
Според официјален претставник на Белата куќа, Харис го повторила она што американскиот претседател Џо Бајден му го кажал на Си на нивната средба претходно оваа недела, а тоа е дека Кина и САД мора да држат отворени линиите за комуникација.