Самитот на земјите членки на Организацијата на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) заврши денеска без објавување на заедничко соопштение на учесниците, како резултат на несогласувањета меѓу САД и Кина околу трговските прашања.

Како што јави Би-Би-Си, домаќинот на Самитот, премиерот на Папуа Нова Гвинеја, Питер О’Нил изјави дека „двата големи гиганти во салата“ не успеале да се договорат околу содржината на соопштението, најавувајќи деја тоа ќе биде дополнително објавено.

Допонителни проблем во и онака тензичните односи меѓу Вашингтон и Пекинг поради царините, предизвика и најавата на САД дека ќе и се приклучат на Австралија во развојот на морнаричка база на Папуа Нова Гвинеја, на што категорично се противи Кина.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој ја предводеше делагацијата на САД на Самитот во Порт Морзби, изјави дека таа база ќе помогне за „зачувување на суверенитетот и поморските права на пацифичките острови“.

Кинескиот претседател Си Џинпинг, пак, во својот настап на Самитот ја критикуваше политика на САД, обвинувајќи го Вашингтон за протекционизам.

Си нагласи и дека земјите што го поддржуваат протекционизмот се „осудени на неуспех“.

На ваквите забелешки на Си, Пенс одговори дека тој лично е подготвен да ги зголеми царините за увоз на кинески производи „за повеќе од двојно“.