Револтирани се и продавачите и купувачите од збунувачките одлуки на Владата.
– Гнев и хаос предизвикуваа владините најави за зголемување на замрзнатите цени на дел од основните земјоделски продукти. И купувачите и продавачите револтирани. Првите зошто владата им се меша и нереално носи одлуки, вторите зошто не можат да си дозволат да купат овошје и зеленчук по пристојни цени. Новиот предлог за цените се очекува да биде соопштен утре, објави ТВ АЛфа.
Лути пазарџии, нервозни купувачи, се додава во прилогот од ТВ Алфа, за замрзнувањето на цената на овошјето и зеленчукот кое „издржа“ само 5 дена.
– Оваа Влада не ја бива. Дефинитивно. Се ова што прави е на наша штета, не може вака да си тера се по свое, мора да направи нешто за нас да не заштити, а не да се богати само една група на луѓе, поготово оние увозниците кои на наш грб се богатата, велат пазарџиите.
Сиот ќар, додаваат тие, паѓа во рацете на увозниците на овошје и зеленчук кои изминатиот период прикажувале лажни фактури за да имаат огромна заработка, обвини власта.
Министерот за економија Крешник Бектеши веќе најави оти утре на седница на Владата ќе бидат одмрзнати дел од цените на овошјето и зеленчукот.
Фирмите кои чувале залихи на овошје и зеленчук и продавале поскапо ќе платат казна, велат од инспекцијата, која проверува дали и зошто продавачите не ги усогласиле цените.
Купувачите се збунети, иако очекуваа пристојни цени во пресрет на велигденските и првомајските празници, сепак ќе бидат приморани да купуваат поскапа храна.
Целиот прилог на ТВ Алфа може да го проследите во видеото ТУКА.