Тие двајца беа едни од музичките предводници на македонската естрадна сцена во почетокот на новиот милениум. Нивните хит песни за кои едниот ја правеше музиката, а другиот ги пишуваше стиховите не се симнуваа од радиостаниците, топ листите, ТВ емисиите… Создаваа модерна музика за новите генерации, за себе како автори и изведувачи, но и за мноштво други имиња кои подоцна станаа еднакво познати и популарни како и тие самите. Од Ноне Неделковска, Ламбе Алабакоски, Адријан Гаџа, Влатко Илиевски, Некст Тајм, Тоше Проески…  и уште еден куп повеќе или помалку познати имиња ги пееја, (а некои од нив и се’ уште тоа го прават) нивните хитови. Евровизија, Макфест, Скопски… фестивали на кои се изведувале и победувале нивни песни, кои или самите ги изведувале или ги пееле други македонски ѕвезди.

Во 2001 година, во сопственото студио за снимање „Јованов рекордс“ сед создавале, продуцирале и сснимале песните за мноштво познати музичари од Македонија, но и Балканот вклучувајќи ги Тоше ПроескиЕмина ЈаховиќЛамбе АлабаковскиАдријан ГаџаСлаткаристикаТони ЗенЕлвир Мекиќ, Бојан Маровиќ, Слаџа Делибашиќ, Next TimeВлатко Илиевски и Викторија Лоба. Од 2007 година продуцентско- издавачката куќа „Јованов рекордс“ работела со промоција на нови уметници и нивно планирање на кариерат, менаџирајќи ги кариерите на Елвир МекиќСлаткаристикаТони Зен и Next Time.

Последната деценија Џеј-Џеј и Елвир полека се повлекуваат , заминувајќи секој на своја страна. Едноит во САД, па во Канада каде и денес работи и живее, другиот во Сараево. Но со работата во музиката никогаш не престануваат, само на еден поинаков начин. Јован Јованов преку работата за некои странски имиња, Елвир Мекиќ пишувајќи текстови за некои други изведувачи.

Дуетите со младиот Пајак на Елвир ( „Некаде после два“) и римејкот на мегахитот „Магија“ со Јован, кај обајцата „ќе го запали стариот оган“ за повторно враќање на сцената, особено по нивниот  заеднички дует во темната „Адреналин“ кон крајот на 2025-та. Елвир деновииве со новата песна „Дијамант“ веќе го пречекори прагот на „старата врата“, а Јован тоа же го стори наскоро најавувајќи неколку нови песни и нов албум.

Но она што обајцата го подгоотвуваат годинава како заеднички спектакл ќе се случува во… Само една вечер. Само еднаш. Само еден концерт – за цела Македонија. Јован Јованов и Елвир Мекиќ со концерт што нема реприза!

На 6 јуни во арената „Борис Трајковски“ ќе се случи концертот што ќе ја одбележи 2026-та година на музички план во Македонија! Јован Јованов, Елвир Мекиќ и нивните пријатели ќе ве вратат во времето на најубавите денови на македонската музика.

Музичкиот времеплов со хитовите на Јован и Елвир на неколку часа цела една генерација ќе ја врати во младоста, помладите ќе ги „запознае“ со „Итно ми требаш“, „Некаде после 2“, „Лоша девојка“, „Опасно“, „Слаба точка“…

Неизбежна ќе биде и песната „Адреналин“, која двајцата долгогодишни пријатели и музички соработници ја промовираа кон крајот на 2025-та.

Ова е еден од оние концерти кои нема да имаат реприза, а секој билет не е само влезница за концертот, туку и билет за враќање во минатото, за сеќавање на првите љубови, излегувања во диско, забавите до зори…

Билетите за концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ се веќе во продажба преку www.mktickets.mk, а можете да ги најдете на линкот https://mktickets.mk/event/jovan-jovanov-elvir-mekic-i-prijateli/