Во Њујорк е забележен најсмртоносниот ден од почетокот на пандемијата на коорнависруот, бидејќи се регистрирани 731 нови смртни случаи, со што вкупниот број на жртви од Ковид-19 сега изнесува 5.489.
-Бројот на умрени во текот на вчерашниот ден изнесува
731 лица, што е зголемување во однос на 599-те смртни случаи од претходниот ден, изјави градоначалникот на Њујорк, Ендрју Куомо на прес конференција.
Тој кажа дека коронавирусот ги убива здравствено ранливите лица.
-Ние не можеме тоа да го спречиме, истакна Куомо и додаде дека верува дека досега е спасен секој кој можел да биде спасен.