Во последните два дена, бројот на нови позитивни случаи на САРС КОВ 2 виусот во Хрватска се искачи на над 3 000 случаи на дневно ниво. Пред три дена тој број изнесуваше околу 1 700 лица, а во вторникот 1 741 лица.
Во споредба со претходниот вторник, кога беа евидентирани 1.007 новозаразени лица, но и вторникот пред 14 дена, кога беа евидентирани 1.074 нови случаи, овој вторник се евидентирани 73 проценти повеќе заразени лица, пишува Јутарњи лист, што е едно од најголемите зголемувања од почетокот на пандемијата.
Оттука, се поставува прашањето дали има нов голем пробив на вирусот кај населението и што ја очекува Хрватска во наредниот период.
Според имунологот Златко Тробоњача од Медицинскиот факултет во Риека, зголемувањето на заразените во текот на есента било очекувано со оглед на враќањето на децата во училишните клупи и возрасните на работа, а во услови кога времето заладува, па се повеќе време се поминува во затворени простории.
Децата и младите се тие кои сè почесто влегуваат во статистиката за нови случаи на коронавирус, а воедно ја сочинуваат најголемата група меѓу оние чија инфекција во вторникот е потврдена. Од сите позитивни деца откриени во вторникот, во тек ан 24 часа, 315 од нив биле на возраст меѓу 10 до 19 години, а меѓу најмладите од нула до девет години имало 138 деца позитивни.
Според податоците на хрватските власти, од 27 септември до 3 октомври биле откриени 651 позитивно дете во градинките и во основните училишта, а сега, овој вторник, само во еден ден имало 453 деца.
Се разбира, ова не ја допира Македонија, како и нејзините власти. Во Македонија, нема заразени деца. Слушајте ги Венко и Мила.