Професорката Гордана Силјановска преку видео порака на „Фејсбук“ ја извести јавноста дека за рекорден рок се собрани потребните 10 илјади потписи за нејзината кандидатура за претседател.
„Туку што дознав дека за многу кусо време, за рекордни неколку часа се собрани потребните 10 илјади потиси. Со тоа јас официјално ќе станам кандидат за претседател на Република Македонија. Немам зборови со кои би ја изразила благодарноста. За мене ова е како во рациновата песна, силно светнал ден. Ова е денот кога ја започуваме битката за право и правда во РМ, од срце ви благодарам“, вели Силјановска.
Професорката пред точно седум дена на партискиот конгресот во Струга ја доби довербата од мнозинството делегати на ВМРО-ДПМНЕ, со што официјално најголемата опозициска партија застана зад неа за претстојните претседателски избори.