Шпанија е во посилна позиција во врска со гибралтарското прашање откако денеска европските лидери го одобрија договорот за излез на Велика Британија од ЕУ и поставија рамка за идните односи, изјави на прес-конференција во Брисел шпанскиот премиер Педро Санчез.
– На овој начин Шпанија ќе преговара со Велика Британија за гибралтарското прашање од позиција на сила, истакна Санчез по средбата на врвот во Брисел.
Гибралтар е британска прекуморска територија од 1713 година, но Мадрид води спорови за неа