Берни Сандерс, кој учествуваше во трката во рамки на Демократската партија за канддат за претседател, се откажа од натамошното учество во кампањата.

Со тоа, му го отвори патот на другиот преостанат кандидат на демократите, Џо Бајден во ноември да биде противкандидат на Доналд Трамп.

Бајден беше потпретседател за време на мандатот на Обама.

Сандерс соопштил дека е свесен дека неговата кампања не дава резултати и признал дека Бајден има преголема предност во однос на него.