Премиерот Христијан Мицкоски му одговори на пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски дека министерката Божиновска е поголема Македонка од сите пратеници на СДСМ заедно. Неговата изјава следи откако Спасовски го праша дали знаел дека Божиновска имала бугарска самосвест.
„Да биде Сања Божиновска дел од македонската влада е привилегија. Нејзините резултати во енергетиката се нешто кое може да го сонувате. Зборуваме за работи за кои јавноста не ја интересираат. За неа знае бизнис кремот од Украина до Шпанија и од Скандинавија до Атина. Измислуваме приказни кои немаат никаква врска ни со енергетиката, ни со минералните суровини. Тоа е исто како да зборуваме сега за тоа што вие дававте пасоши на белосветски криминалци. Сања Божиновска е многу поголема Македонка од вас сите заедно”, кажа Мицкоски.
„Место да нè пуштите да одиме напред, вие: ваква свест, онаква свест измислувате!”, додаде Мицкоски.