САНКЦИИ КОН РУСИЈА: Полска од утре забранува влез на автомобили со руски регистерски таблички

/ 16.09.2023

Министерот за внатрешни работи Мариуш Камински денеска изјави дека од утре Полска ќе забрани влез на автомобили регистрирани во Русија.

Забраната е дополнителен дел од санкциите наметнати на Русија и нејзините граѓани во врска со војната во Украина, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на Камински.

Откако Естонија, Литванија и Летонија воведоа забрана за минување на автомобили со руски регистарски таблички во изминатите неколку дена, слична мерка вчера воведе и Финска, јави ДПА.


Од истата категорија