Санта мраз со маса од 315 милијарди тони вчера се одвои големата ледена плоча Амери на Антарктикот. Но, се чини, тоа не е поврзано со климатските промени, пренесува „Гардијан“.
Површината на сантата наречена Д-28 изнесува 1,5 квадратни километри. Стручните лица предупредуваат дека ледениот блок мора да се следи, оти може да претставува опасност за пловидба.
Од Амери од раните 1960-ти не се одвоила олку голема санта мраз. Тогаш плочата имала површина од околу 9.000 квадратни километри. Амери е третата најголема ледена плоча на Антарктикот и клучен одводен канал за источниот дел од континентот.
Одвојувањето на санти е природен процес со кој ледените плочи одржуваат рамнотежа, оти така се балансираат наносите снег. Професорката Хелен Фрикер од Институтот за океанографија Скрипс, истакнува дека овој случај не е поврзан со климатските промени.
– Иако има многу причини за загриженост за Антарктикот, за оваа ледена плоча засега не треба да се вклучува тревога, рече проф. Фрикер.
Се проценува дека Д-28 е дебела 210 метри. Струите и ветровите ќе ја насочат на запад и, ако што проценуваат стручните лица, веројатно ќе треба да минат години до нејзиното целосно топење.