Во Српската академија на науките и уметностите (САНУ) покрената е иницијатива со која јавно бара оставка од претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тие како клучни причини го наведуваат „уривањето на демократскиот поредок“ и загрозувањето на државните и општествените интереси.
Во текстот на иницијативата се истакнуваат загриженостите за манипулација со изборниот процес, контролата врз судството, потиснувањето на слободата на медиумите, прекумерното задолжување на земјата, прикривањето на работите, корупцијата и општо занемарување на клучните општествени столбови (образование, здравство, наука, култура).
Членовите на САНУ нагласуваат дека барањето за оставка не е политички мотивирано, туку произлегува од морална одговорност кон граѓаните и иднината на Србија. Тие веруваат дека ова е единствениот начин за дијалог, обновување на институциите и враќање на довербата во државата.
„Веруваме дека ниту еден поединец, па дури ни претседателот на Републиката, нема право да го уништува демократскиот поредок и да ги загрозува државните и општествените интереси заради лична или партиска моќ“.
„Во време на сериозна криза и растечка општествена поларизација, веруваме дека оставката на Александар Вучиќ е единствениот можен чекор кон отворање простор за дијалог, обнова на институциите и враќање на довербата на граѓаните во државата“, се вели во текстот потпишан од членови на Српската академија на науките и уметностите (САНУ), во кој се додава дека „предлогот се потпишува“.