Браќата Бранко и Влатко Сапламаеви, познати и како „SAP Brothers“,  имаат видео за нивната прва песна „Љубов си ти“.

Музиката е на „SAP Brothers“, режија, снимање и монтажа на нивниот продуцент и пријател Ѓорги Вацев. Аудио продукцијата исто така е на Ѓорги Вацев. На гитара настапува Горан Алич, а придружен вокал е Василка Ќортошева.

Видеото може да се погледне на https://youtu.be/7AlMXS_Q_2o

-Единственото нешто што го сакаме во моментов е на спонтан и ненаметлив начин да ви ги оттргнеме мислите од секојдневието и да ве поканиме во еден поинаков, и барем за нас, интересен и забавен свет, изјави Бранко Сапламаев, постариот од двајцата.

-Оваа е наша приказна, но мора да признаам дека си земавме и малку уметничка слобода за да ја раскажеме на поинаков начин. Ние се фокусираме на музиката, љубовта, имагинацијата и смеата и затоа го направивме ова. За забава и задоволство, наше и ваше, порачува Влатко Сапламаев, другиот член на дуото.

„SAP Brothers“ соопштија дека почнуваат со работа на наредното поглавје од овој, како што велат, забавен проект.