Карпош избра промени. По децении власт на Стевчо Јакимовски, по децении бетонизација и уништување на Карпош, карпошани кренаа глас и избраа промени, изјави денеска Христо Саракинов, носител на советничка листа на Општина Карпош.

Карпошани го кренаа гласаа гласот против урбаната мафија и Стевчо Јакимовски, кој поддржан од Филипче и Заев сака да продолжи да го држи Карпош заробен во канџите на приватните интереси за висококатници, нови ДУП-ови и маркици со дебели профити.

Карпошани во уште поголем број ќе излезат во вториот круг, и ќе гласаат за Сотир Лукровски, за ВМРО-ДПМНЕ, за бројот 9.

Сотир Лукровски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваат:

1. Стоп за бетонизацијата. И ревизија на сите ДУП- ови, формирање на општинско претпријатие Карпош-план, кое ќе ги подготвува сите идни ДУП-ови, каде ќе бидат вклучени и консултирани и граѓаните и активистите;

2. Чист Карпош. Ѓубрето никогаш повеќе нема да се прелева преку контејнери и да се тркала по улици;

3. Изградба на нови катни и монтажни гаражи. Паркингот за карпошани ќе биде бесплатен;

4. Решавање на проблемот со бездомните кучиња;

5. Поголема безбедност;

Карпош повеќе нема да биде заложник на урбаната мафија и приватниот интерес на Стевчо Јакимовски, Филипче и Заев, порача Саракинов.