Апелациониот суд ја отфрли жалбата на Мијалков и ја потврди одлуката на кривичниот суд Скопје кој што претходно не ја прифати гаранцијата во вредност од над 10,8 милиони евра, потврди за Телма, Татјана Дуковска, судија-портпарол на Апелациониот суд во Скопје. Поранешниот директор на УБК е во затворски притвор од 23-ти февруари, а веќе има две првостепени судски пресуди на вкупно 20 години затвор.
Тој со жалбите во Кривичниот и во Апелациониот суд бараше да му се овозможи домашен притвор или да му се ублажат мерките на претпазливост за што понуди гаранција во имот од околу 10,8 милиони евра.
На одлуката ѝ претходеше и мислење од вишиот обвинител Бурим Рустеми, кој за разлика од неговиот колега Ајро, беше на став дека гаранцијата не треба да се прифати.