Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска се појави во Кривичниот суд на судењето за случајот „Таргет и Тврдина“, кое е во тек.
Минатото рочиште, кое требаше да се оддржи на 16 октомври, се одложи бидејќи Мијалков го известил судот дека е позитивен на Ковид-19.
Денеска тој влезе во судница, поради што обвнителството продолжи со изведување на материјални докази.