Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е позитивен на коронавирус. Поради тоа што тој развил симптоми на коронавирус, денешното судење за предметот „Таргет-Тврдина“ беше преместено за во петок.
Претходно во средата беше објавено дека Мијалков не се појавил на денешното рочиште за случајот „Таргет Тврдина“, поради сомневање за инфекција со коронавирусот поради повисока телесна температура, откако било потврдено дека неговата сопруга македонската примабалерина Александра Мијалкова била позитивна.
Неговиот адвокат Љупчо Шврговски подоцна во текот на денот за „Фокус“ потврди дека на Мијалков му било соопштено дека неговиот тест е позитивен, но оти сѐ уште немал добиено решение.