Сателитските снимки американската „Планет лабс“ покажуваат големо оштетување на авиобазата на Крим и неколку уништени руски воени авиони по експлозиите што се случија пред два дена, јави Би-би-си.
На 9 август во руската воена база во Новофедоривка, лоцирана во западниот дел од анектираниот украински полуостров Крим се случија неколку експлозии, при што загина едно лице.
Украина не презеде одговорност, но новите докази сугерираат можност дека станува збор дека базата е нападната.
Снимките покажуваат големи области на изгорена земја по пожарите што избувнаа по експлозиите. Главните писти на базата најверојатно не се оштетени, но најмалку осум авиони се уништени.
Но, сè уште не е јасно како е оштетена базата и со какво оружје. Русија тврди дека експлозиите биле предизвикани од муниција што експлодирала во магацините, а Украина, која не ја презеде одговорноста, сугерира дека невнимателните руски војници можеби ги предизвикале експлозиите.