Студијата на Медицинскиот факултет Харвард, заснована врз сателитски снимки на паркингот околу болницата во Вухан, покажува дека коронавирусот можеби почнал да се шири во Кина уште во август 2019 година.
Истражувањето користело сателитски снимки со висока резолуција на болничкиот паркинг во Вухан, каде се појавила болеста на крајот на 2019 година, како и податоци од пребарување, како што се зборовите „кашлица“ и „дијареја“.
Истражувањето, кое се уште не е рецензирано, покажа дека имало значително повеќе автомобили на паркинзите на пет болници во Вухан кон крајот на летото и есента 2019 година отколку минатата година.
Покрај тоа, на кинескиот пребарувач Баиду во тој период имало зголемување на бројот на пребарувања за клучни зборови поврзани со заразни болести.
Научниците, користејќи снимки од октомври 2018 година, изброиле 171 автомобил на паркингот на една од најголемите болници во Вухан. Една година подоцна, на истиот паркинзи имало 285 возила, што претставува зголемување за 67 проценти, а во некои други болници има пораст и до 90 проценти.
Беше посочено дека, иако не може да се потврди дека овие податоци се директно поврзани со коронавирусот, идејата дека зафаќањето на болнички паркинзи или протокот на пациенти може да се користи како релативен показател за нешто што се случува во популацијата.