Саудиска Арабија и Египет денеска ја осудија одлуката на Израел целосно да го блокира влезот на помош во Појасот Газа.

Саудиска Арабија, во соопштението од своето Министерство за надворешни работи, го обвини Израел дека ја користи помошта наменета за Газа „како средство за уцена и колективно казнување“, објави Ал Џезира.

Ријад потегот го нарече „кршење на меѓународното право и директно кршење на правилата на меѓународното хуманитарно право“ и ја повика меѓународната заедница да ги запре ваквите дејствија на Израел, да ги активира меѓународните механизми за одговорност и да обезбеди одржлив пристап до помошта.

Египетското Министерство за надворешни работи ја нарече израелската блокада „прекршување на договорот за прекин на огнот и меѓународното хуманитарно право“.

Во соопштението на египетското МНР се вели дека „нема оправдување, околност или логика што дозволува гладување на невините цивили и наметнување опсада врз нив“.

Израелските медиуми утринава објавија дека по истекот на првата фаза од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата влада одлучиле да го блокираат влезот на хуманитарна помош во Појасот Газа.

Како што јави израелската телевизија Канал 14, оваа одлука е донесена во координација со Американците, пренесува АП.

„Со завршувањето на првата фаза од договорот за заложници и со оглед на одбивањето на Хамас да го прифати (претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп) планот на Стив Виткоф за продолжување на преговорите, кој Израел го прифати, премиерот Нетанјаху одлучи да го суспендира целиот влез на хуманитарна помош и друга стока во Појасот Газа, изјави Нетанјаху, без изјава на Израел ослободување на заложниците.