Саудиска Арабија и ОПЕК, плус Русија, денеска го одбија барањето на американскиот претседател Џо Бајден за зголемување на дневното производство на нафта за два милиони барели дневно.
Наместо тоа, ОПЕК продолжува да се придржува до претходниот договор за зголемување на 400.000 барели дневно. Тоа е премалку и генерира неконтролиран раст на цената на нафтата. Саудискиот принц Мохамед бин Салман Ал Сауд, како неформален лидер на картелот, исто така го отфрли барањето на Вашингтон и на некои членки на ОПЕК за исклучување на Русија од членството во моќната организација.
Последиците од ваквите одлуки веќе се видливи од утрово: барел нафта достигна цена од 115 долари, што е највисока цена во последните десет години. Така, цената на нафтата од минатата година порасна за речиси 50 отсто.
Намалените испораки на нафта на светскиот пазар, и покрај големата побарувачка. Во исто време, додека и помага на Русија, ваквите високи цени на нафтата го поткопуваат глобалниот економски раст и стабилност, дополнително ја забрзуваат инфлацијата и на тој начин ја дестабилизираат светската економија.