Саудискиот престолонаследник принцот Мухамед Бин Салман синоќа се состана со високиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, објави саудиската државна агенција СПА.
Бин Салман и Кушнер разговарале за изгледите за мир во регионот и важноста од продолжување на преговорите меѓу Палестинците и Израел.
Зетот на Трамп, Кушнер, вчера почна посета на регионот, при што ќе престојува во неколку земји од Заливот.