Саудискиот крал Салман денеска нареди истрага за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги откако турските власти најавија претрес на саудискиот Конзулат во Интанбул во кој на 2 октомври влезе Кашоги и потоа му се губи трагата.
Според турската телевизија НТВ, која се повикува на дипломатски извори, турските власти денеска попладне ќе извршат претсрес во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во рамки на истрага за исчезнувањето на саудискиот новинар.
Кашоги, новинар кој работеше за Вашингтон пост и беше критичар на Ријад, се води за исчезнат откако на 2 октомври влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе некои документи. Турските власти стравуваат дека тој е убиен од тајната служба на Саудиска Арабија, додека Ријад негира.