СДС е се уште под шок од изборниот резултат. СДС нека се консолидираат, нека се вразумат, нека ја сфатат пораката од граѓаните. Немаме што друго да додадеме на ова соопштение на СДС, кое сигурно не е ни став на партијата, туку е изнудена и соло реакција на некој индивидуалец што не разбира политика и им го хакирал мејлот на СДС. Затоа што на 2 дена по катастрофата што им се случи, само некој што не е од земјава или е тотално во аут од случувањата и без разбирање на комуникации, и е далеку од реалноста, би составил вакво соопштение од нигде никаде.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ