СДС лаже и манипулира. ВМРО-ДПМНЕ не избришало никаква фотографија од интернет страната на партијата, ниту ќе избрише.
Зоран Заев лично призна дека лицето А.Н. било шофер кај него. Заев само нема храброст да каже дека А.Н. му бил шофер, па вели дека тој бил шофер на општина Струмица кога тој бил градоначалник.
Шоферот на Заев А.Н. е уапсен за подметнување пожар.
СДС се фатени живи како лажат.
Заев истури ладна вода на главата на Филипче во моментот кога призна дека А.Н. бил шофер во општина Струмица кога тој бил градоначалник.
Заев призна се. На СДС е дали ќе продолжат да мислат дека народот е наивен, или ќе се извинат и дистанцираат од Заев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ