Колку е голем очајот во СДС се гледа во тоа што вадат сметки стари 8 години за да манипулираат за претседателот Мицкоски и министерката Кочовска, реагира ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на Мартин Костовски, кој штотуку треба да се соочи со обвиненија за директорувањето со Службен весник на РМ.

„СДС манипулира со сметки, затоа што се очајни и не знаат каде тераат. Ако зборуваме за сметки и кафански ручеци и хотелски сместувања, првото место оди за СДС, нема да се спуштаме на тоа ниво да докажуваме кој што правел, доволно е да се погледне од Бисера Антоанета, преку Маричиќ па надолу. Зошто е очајот голем? Голем е затоа што за првпат во Македонија нивото на инвестиции е над 1.2 милијарди евра, се покачија плати и пензии“.

СДС гледа дека нивната политика е поразена одамна, а падот во рејтинг не им престанува иако се длабоко во опозиција, истакнуваат од партијата на власт.