СДСМ: Економијата се движи во добар правец

/ 11.03.2019

-Потврда за тоа е растот на бруто домашниот производ од 3,7 отсто во последниот квартал од 2018. Во истиот период, стапката на невработеност паднала на 19,4 отсто што е историски минимум. Само во минатата година отворени се нови 26.600 добро платени работни места, а забележан е и рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра. Ова не се само обични бројки. Ова се конкретни, реални резултати, ова се нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните, велат од владејачката партија.

 


Од истата категорија