Во текот на следната недела СДСМ ќе објави дел од имињата на кандидатите за градоначалници од оваа партија за локалните избори кои ќе се одржат во вторта половина на 2025 година, информираше претседателот на СДСМ Венко Филипче при денешната посета на Делчево.
Тој најави дека до крајот на јуни СДСМ ќе ги соопшти имињата на сите кандидати за градоначалници.
– Во текот на следната недела, следната недела значи неделата после 16 јуни ќе објавиме една група на градоначалници, кандидати за градоначалници за околу триесетина општини, а до крајот на месец јуни ќе се објават скоро сите кандидати за градоначалници, истакна Филипче.
Тој денеска во Делчево направи обиколка на, како што рече, неколку капитални проекти направени во време на Влада на СДСМ.