Од досега пристигнати резултати СДСМ води и очекува победа во седум општини, информираат од партијата.
Според Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ, партијата води во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново Облешево, Кривогаштани и Богданци.
-Тесна битка е во Неготино, Валандово, Македонска Каменица, Ранковце. Водиме и во Дојран и Лозово, но веројатно ќе има втор круг, рече тој.