СДСМ во изминатите шест години значително ја подобри куповната моќ на граѓаните и за 46 отсто ја зголеми минималната пензија, соопшти СДСМ.

Во периодот од мај 2017 година до мај 2023 година, благодарение на економските политики на СДСМ реалната куповна моќ на граѓаните е зголемена за 30,2 отсто, се додава во соопштението од СДСМ.

-Во период на криза предизвикана од пандемијата, на која и следеше најголемата економска и енергетска криза, кумулативно инфлацијата се зголеми за 29,1%, додека растот на просечната плата изнесуваше 59,3%, што значи дека и покрај високиот ценовен притисок врз животниот стандард на граѓаните, куповната моќ е зголемена за 30,2 процентни поени, се наведува во соопштението.

Владата предводена од СДСМ во континуитет на дело покажува вистинска грижа и за пензионерите, истакнува Елена Устамитова, претседателка на Комисија за труд и социјална политика

– Преку новата методологија за усогласување на пензиите, обезбедивме системско решение за постојан раст на пензиите, двапати годишно. Преку таквата методологија за време на перидот од јануари 2022 година до септември 2023 година, пензиите ќе пораснат за 24 отсто. Преку одговорен инклузивен пристап успеавме од 2017 година до сега минималната пензија да ја зголемиме за 46 отсто, рече Устамитова.

Ние, како одговорна партија, додава Устамитова, продолжуваме со креирање и реализација на мерки што значат подобро услови за живот за пензионерите кои ја граделе оваа држава и кои заслужуваат да имаат достојна старост.

– Инфлацијата ќе се намалува и до крајот на годината се очекува овој тренд да продолжи и да се одржи едноцифреното ниво на инфлацијата, а во наредната година да биде околу 2 отсто. Паралелно на тоа, ќе растат и платите како минималната, така просечната, пензиите и платите во јавниот сектор, велат од СДСМ.