Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат обнова на режим, криминал, деструкции, изолација, неизвесност, сиромаштија и граѓаните тоа јасно го гледаат.

Опозицијата е заглавена во режимската матрица, ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Дури и на верски настан Мицкоски се заканува со враќање назад во темното минато, поништување на Договорот од Преспа, уништување на НАТО и ЕУ перспективите и враќање во изолација и режим.

Мицкоски нека се спреми за пораз затоа што граѓаните не сакаат враќање назад, режим никогаш повеќе!

На 12 април граѓаните ќе порачаат-режим никогаш повеќе и ќе потврдат дека сакаат развој и европска иднина со СДСМ

На 12 април, граѓаните ќе одберат да продолжи напредокот со СДСМ, да продолжи враќањето на парите кај граѓаните, повисоки плати, пензии, подобри услови, пониски трошоци и извесна европска иднина.

Режим, никогаш повеќе Мицкоски!

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста