Денес, Мицкоски не може да се помири што законите важат за сите подеднакво, на Мицкоски денес му пречи што судството започнува да се прочистува и се гради силна правна држава која испорачува правда, се нагласува во денешната реакција на владејачкиот СДСМ.
Во продолжение целото соопштение од СДСМ:
На Мицкоски му пречи што законите важат за сите, а судиите веќе не се бираат од тефтерот на Јанкуловска, како за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ
Христијан Мицкоски е последниот што може да зборува за правда и правна држава, затоа што тој по сопствено признание е единствениот што е на браникот на криминалот.
Мицкоски со сите сили се обидуваше да ги одбрани криминалците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но не успева и затоа е нервозен.
Денес, Мицкоски не може да се помири што законите важат за сите подеднакво, на Мицкоски денес му пречи што судството започнува да се прочистува и се гради силна правна држава која испорачува правда.
Токму реформите во правосудството беа препознаени и поздравени и во Извештајот на Европската комисија, каде јасно беше наведено дека како резултат на реформите во изминатите години С. Македонија воспостави механизми за обезбедување независно и одговорно судство.
За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ судиите се бираа од тефтерот на осуденичката Гордана Јанкуловска, правосудниот систем беше во заложништво од „Сваровски судството“ а предмети и пресуди се нарачуваа од белиот дворец.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат да го одбранат криминалот, нема да успеат да ги блокираат реформите, прочистување на судството е прв приоритет од рамката „Акција 21“ со која европските стандарди ги носиме дома и градиме силна, независна правна држава со неселективно владеење на правото.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ