– Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција, во одговор на новинарско прашање рече дека нема да ги поддржат измените на Законот за прекршоците за системот „Безбеден град“ бидејќи, според него, не е јасно укажано како ќе се контролира огромната база на податоци.

-Во однос на системот „Безбеден град“ и Законот за прекршоци, ние тој закон нема да го поддржиме. Ние не сме против безбедноста во сообраќајот, доказ за тоа е што сме го почнале. Меѓутоа не можеме да дозволиме системот парцијално да се имплементира. Освен тоа што сме за безбедност во сообраќајот, ние сме и за безбедност и на податоците, што повторно власта ниту го коментира, ниту се обидува да го ргулира. Седнаа на маса на лидерската средба, се договорија, ќе видиме што е друг резултат-договор од тој „пазар“ – рече Филипче.

Истакна дека СДСМ е конструктивна опозиција, но, како што кажа, „не сме контролирана опозиција и нема да си дозволиме да поддржиме закон во кој сериозни аспекти не се регулирани, а тоа е огромната база на податоци за којашто никој во законот не укажува како ќе се контролира“.