Економските политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски даваат реални и видливи резултати, се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ, кое во продолжение го објавуваме во целост:
Денес, и во време на светска економска криза, македонската економија е стабилна, развојна и конкурентна.
Потврда за тоа е последната инвестиција во државава – инвестицијата на тајванската компанија Јагео која ќе инвестира 205 милиони евра во нови фабрики и ќе вработи 4.000 лица во ТИР зоните во Скопје и Штип.
Со ова, инвестицијата на Јагео станува најголемата странска директна инвестиција во независноста на државата.
Ова е уште една потврда за успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ, потврда дека македонската економија е препознаена како атрактивна за реномираните и високотехнолошки компании во светот.
СДСМ продолжува да реализира мерки и политики што обезбедуваат економски раст и подобар животен стандард за сите граѓани.
Центар за односи со јавноста на СДСМ