И во денешното сооопштение владејачката партија ја обвинува опозицијата за тоа што Македонија останува без вакцини против коронавирусот.
Го пренесуваме целото соопштение од владејачкиот СДСМ, јавноста да знае дека „опозицијата е виновна за тоа што власта е неспособна да обезбеди вакцини“, а Македонија останува без вакцини во време кога тие се обезбедени не само од европските земји, туку и африканските и азиските… кои често пати нашите политичари умеат да ги (зло)употребат за компарации во негативен контекст.
Еве го соопштението од СДСМ:
-ВМРО-ДПМНЕ со невистини и лажни вести се обидува да деградира здравствениот систем, со измислени конструкции сака да го поткопа процесот за набавка на вакцини, на штета на граѓаните и јавното здравје. Првите вакцини веќе се пристигнати, вакцинацијата на здравствените работници е во тек, се очекуваат и поголеми количини вакцини. Во процесот на набавка на вакцини се е законски и регуларно. Владата и Министерството за здравство, од самиот почеток ги користат сите механизми за набавка на вакцини од што е можно повеќе производители. Нервозата во белиот дворец расте поради серијата изборни порази, внатрепартискиот судир и правдата која е веќе тука, па ВМРО-ДПМНЕ шири невистини, бидејќи нема што да им понуди на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата прави опструкции, шири дезинформации и продава лажна загриженост за јавното здравје, затоа граѓаните ги казнија на избори, затоа се во опозиција и уште долго ќе останат таму, се вели во денешното соопштение од Центарот за односи со јавноста на СДСМ.