Насилството врз жените во политиката и во изборниот процес претставува закана и за интегритетот на изборниот процес и за квалитетот на демократијата. Со кандидирање на човек како досегашниот градоначалник Ацо Велковски, СДСМ присилно ги исклучува жените од правото да имаат глас во политичкиот живот и управување на нивната општина, истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
-За СДСМ управувањето со двојни стандарди е сосема карактеристично. Родовата еднаквост и заштитата на жените во општеството е уште еден доказ за тоа. Ацо Велковски, досегашниот градоначалник на општина Лозово, вршеше повеќе месечен мобинг и малтретираше жена која како резултат на бруталната тортура доживеа спонтан абортус на нејзиното седум месечно бебе, а потоа беше избркана и од работа. Ова е вистината за Виолета Колева, ова е тажната реалност која ја живееме од кадрите на СДСМ. Како награда за ваквиот однос Ацо Велковски ја доби довербата од СДСМ за втор мандат. СДСМ ги објави првите 30 кандидати за општините каде ценат дека имаат најдобра понуда, меѓу најсигурните и најдобрите се најде и името на Ацо Велковски од Лозово. Тоа е нивниот начин, онаму каде што се управува со мобинг, неправда и криминал, тие општини за СДСМ се најдобри. Во оваа одлука на СДСМ учесници се и нивната потпретседателка како и нивниот Форум на жени, но и секоја жена која е член на СДСМ. Првото правило за заштита на насилството врз жените е поддршката која една кон друга треба да ја имаме, без разлика на статус, политичка, верска или било каква друга припадност, вели Митева.
Таа додава дека во недостиг на правда јавно ги повикувам сите релевантни домашни и меѓународни фактори кои во својот фокус на дејствување ги застапуваат правата на жените и очекувам најостро да го осудат ваквиот потег на СДСМ. Само така вистински ќе им помогнеме на граѓаните на општина Лозово и само така вистински ќе ја оправдаме заложбата која ја даваме.
-Во СДСМ честопати постои двоен стандард за случаи на политичко базирано насилство, вклучително и политичко учество на жените, спуштајќи ги на статус на граѓанин од втор ред. Неказнивоста и одобрувањето на втор мандат за градоначалник може да ги претвори ваквите прекршоци во одржливи тактики и во предизборната кампања и во пост-изборниот период. Нам ни треба јавна доверба во владеењето на правото и континуирана заложба кон политичка родова еднаквост, а императив е делата да не останат неказнети. Во текот на последните неколку децении, жените остварија историски придобивки во политиката и политичкиот живот – како активисти, граѓански лидери, гласачи, членови на политичка партија, кандидати, избрани претставници и назначени функционери – носејќи со себе мноштво позитивни ефекти за жените, демократијата и општеството, потенцира Митева.
Таа додава дека ВМРО-ДПМНЕ тоа го негува со дела, граѓаните на општина Лозово ќе имаат градоначалник кој ќе ја врати довербата и достоинството на сите луѓе!