Имајќи ја предвид тешката економска положба на работниците, намалениот животен стандард и барањата на синдикатите, СДСМ поднесе закон за зголемување на минималната плата на 600 евра. И наместо да ги покачи платите на работниците и да обезбеди пари, ВМРО тргна во медиумски напади врз СДСМ, а потоа и врз синдикатите, рече денеска членката на Извршниот одбор на СДСМ Симона Цветаноски на прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално.

Владата вели за работниците „нема пари“. Но има пари за криминални тендери, има пари да се планира купување нов владин авион и туристички патувања, како оние во Давос, со државни пари.

Затоа веднаш се стави во погон партиската говорница на ВМРО и медиумските кујни под контрола на Орбан.

Секојдневно се напаѓа СДСМ.

Вистината е тешка за власта. СДСМ беше конструктивна, СДСМ поднесе закон неколкупати за покачување на платите, за стандардот на граѓаните, за минималната плата. Власта одби.

ВМРО и Мицкоски си поигруваат со достоинството на работниците. ВМРО тера црна кампања, Мицкоски јавно се шегува, им поставува услови, им дели задачи, им порачува кого „ќе чекал во четврток“.

Ова е ароганција кон оние што едвај врзуваат крај со крај.

Наместо да ги напаѓа работниците и СДСМ, Владата треба да обезбеди пари за поголеми плати.

Доволно е да се откаже од криминалните тендери и ете ги парите.

600 евра минимална плата не е луксуз – тоа е минимум за достоинствен живот.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=l8e0dKPTdEE

Фото: СДСМ