Партиска делегација на СДСМ, заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, членовите на Извршниот одбор, Рената Младеновска и Александар Наумоски, денеска оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, во Алејата на великаните во Скопје, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Трајковски беше проевропски претседател, државник кој посветено работеше за мир, соживот, за напредок и европска перспектива на нашата држава.

Неговата политика беше политика на дијалог, на приближување, на отворање перспективи дома и надвор. Веруваше дека Македонија може и мора да биде дел од европското семејство, но пред сè стабилна и обединета држава во која различностите се богатство, а не поделба. Политиките на претседателот Борис Трајковски нè потсетуваат дека храброста, мудроста и одговорноста кон граѓаните се пример за лидерството.

Нека е вечен споменот и сеќавањето на претседателот Борис Трајковски.

Фото: Центар за комуникации со јавноста на СДСМ