СДСМ поднесе амандман на Резолуцијата и така во содржината се додава уставното име на државата „Република Северна Македонија“, пренесува. За оваа резолуција предвидено е да се расправа во Собранието во текот на следната седмица.

Со мнозинство од 85 гласа, 1 воздржан и 4 против, пратениците одлучија Резолуцијата да биде втора точка на дневниот ред и да се разгледа веднаш по гласањето за ребалансот на буџетот.
СДСМ потенцира дека за нив суштината на Резолуцијата за црвените линии со Бугарија е сосема прифатлива без било какви интервенции, но изоставувањето на „Северна“ во името на државата, би било кршење на Уставот.