Со дебаклот од протест, Мицкоски си ја потврди титулата губитник, а нереформираната ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека знае само за деструкција. Вaка реагираше владејачката СДСМ по првиот од серијата најавени протести на опозицијата оваа есен.
-Денеска, на помалку од два месеци од изборите, Христијан Мицкоски доживеа уште еден пораз од граѓаните. Со денешниот дебакл од протест, Мицкоски уште еднаш ја потврди титулата губитник затоа што освен стотина негови приврзаници, сите останати му го свртеа грбот. Тоа е очекувано, затоа што Мицкоски одамна е прочитан од граѓаните. Јавноста знае дека тој освен одбрана на криминалот во неговата партија и освен личните бизнис интереси не го интересира ништо друго – се вели во реакцијата на СДСМ.