ВМРО-ДПМНЕ шурува со луѓе кои ја загрозиле безбедноста на граѓаните, се мачи со сценаријата на лажни вести затоа што не поминуваат.
Втор ден ВМРО-ДПМНЕ се мачи со сценаријата на лажни вести затоа што не поминуваат.
Како расте нервозата во ВМРО-ДПМНЕ така од белиот дворец и медиумските курири излегуваат се повеќе лажни вести.
Дотаму е подготвена да оди опозициската ВМРО-ДПМНЕ што шурува и креира сценарија со луѓе кои биле спремни да ги загрозат животите и безбедноста на граѓаните.
За овие луѓе веќе има соодветни пријави пред надлежните институции.
Фактите потврдуваат дека нема никаква афера за местење тендер од страна на генералниот секретар на Владата.
Тоа го потврдува и снимениот разговор, според кој јасно се воочува дека намерно не е објавен во целост и не се зборува за манипулации со тендерска постапка.
Како што и претходно беше објавено тендерот и изборот на најповолен понудувач се направени уште во 2016 година,а договорот за набавка на нов радарски систем, некој свесно го опструирал, загрозувајќи го животот и безбедноста на граѓаните, за што докази се доставени во надлежна институција.
Вистината е дека поради неопходноста на опремата за нормално функционирање на авионскиот соообраќај, по налог на Владата е свикан состанок за утврдување на динамика за испорака.
ВМРО-ДПМНЕ беше и ќе остане да биде истата, мрачна, деструктивна, лажна, режимска партија управувана од истиот Никола Груевски кој не и мисли добро ниту на државата ниту на граѓаните.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста