Група битолчани со мирен протест пред Основниот Суд во Битола побараа да биде ослободен од притвор Тони Ѓоргиевски-Фердо, за кого е поведена истрага заради убиство на Стојанче Соколов (44) исто така од Битола, пренесе Република.
Осомничениот Тони Ѓоргиевски-Фердо е притворен по неодамнешното убиство над Соколов, кое според учесниците на протестот е извршено со цел да се заштити семејството на Ѓоргиевски.
Починатиот Стојанче Соколов е познат на полицијата како прекршител на закони, а 20 години ги малтретирал семејство Ѓоргиевски.
Пред да се случи убиството, истакна Јове Ѓоргиевски, син на притворениот Тони Ѓоргиевски, ѝ се заканувал на неговата сестра, која заедно со двете деца утрото побегнала кај својот татко.
Учесниците на протестот побараа институциите да му дозволат на Тони Ѓоргиевски да се брани од слобода.