Американската агенција Блумберг јадви денеска дека авиокомпанијата Емирејтс од Обединетите Арапски Емирати разгледува преземање на втората по големина авиокомпанија „Етихад“.
Идејата, односно планот на раководството на Емирејтс е со евентуално спојување со Етихад да станат една од најмоќните компании за авиопревоз на патници во светот, наведува Блумберг.
Њујоршката агенција, повикувајќи се на извори запознати со ситуацијата, јави дека за било каков договор, имајќи предвид дека преговорите биле во почетна фаза, неопходно е зелено светло од ОАЕ.
Портпаролите на двете авиокомпании одбиле да дадат коментар за Блумберг.
Но, портпаролот на Емирејтс, за британската агенција Ројтерс изјавил дека „нема вистина во таквите гласини“. Сличен коментар истата агенција добила и од Етихад.
Емирејтс во целина е сопственост на Дубаи, а седиштето на Етихад е Абу Даби.
Етихад во регионов е присутен како сопственик на 49 отсто од српската авиокомпанија Ер Србија.