Обилните врнежи од дожд направија Маркова Река да се излее од своето корито во село Батинци, објави ТВ21.

Истото предизвика поплави на улиците, но и во дел од домовите.

Тешка механизација е на терен со цел враќање на реката во нејзиното корито, додека локалните власти пак уверуваат дека нема опасност за населението.

видео: Фејсбук профил на ТВ21